УЛЕБ денеска ја соопшти листа со екипи учеснички во сезоната 2013/14. Меѓу 48 екипи се наоѓа и македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Четириесет и едно место е пополнето, а седум екипи ќе се добијат преку квалификации.
Екипите кои ќе играат во Еврокупот, а учествуваат и во регионалната АБА лига се: МЗТ Скопје Аеродром, Будуќност, Раднички, Цибона, Цедевита, Игокеа и Унион Олимпија.
Другите 34 тима се: Бешикташ, Билбао, Валенсија, Сарагоса, Уникс, Химик, Анкара, Канту, Рома, Сасари, Нептунас, Асесофт, Нижњи Новгород, Спартак Санкт Петесрбург, Асвел, Шалон, Гравлен, Ле Ман, Париз, Алба Берлин, Артланд, Улм, Паок, Паниониос, Алба Секешфехвар, Хапоел Ерусалим, Макаби Хаифа, Монс, Шарлроа, Лукоил, Калев, Бизонс Л., Бон, Каршијака.
Во првата фаза ќе бидат формирани 8 групи со по шест екипи, а четирите првопласирани одат во следната фаза.