Потпретседателот на ФИФА: УЕФА мора да ја исфрли Србија од идните натпреварувања

Од:

Потпретседателот на ФИФА, Џим Бојс во разговор за ББС има порача на челниците на УЕФА сериозно да размислат за суспендирање на Србија од идните натпревари поради неодамнешните расистички инциденти во Крушевац.

Дени Роуз тврди дека во текот на целиот натпревар за бараж на Европското првенство помеѓу младите репрезентации на Србија и Англија бил навредуван на расна основа, како и дека го погодиле два камења во главата.

„Мислам дека најмала казна е да играат без публика, а постои и опција Србија да биде суспендирана во идните натпреварувања“, рече Бојс.

Потпретседателот на ФИФА потсети дека ова не и е прв инцидент на Србија.

„Ова не е прв пат Србија да има сериозни проблеми, а ако се предвид дека УЕФА не толерира расизам во никаква форма, мислам дека казната треба да биде ригорозна. Моментално ситуацијата е таква што паричната казна не дава ефект. Мороните кои ги предизвикуваат ваквите инциденти не ги засега колку пари ќе плати фудбалскиот сојуз. Мора сериозно да се пристапи кон проблемот, посебно против Фудбалскиот Сојуз на Србија“, изјави Бојс.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он