Потпишан меморандум за соработка меѓу МКФ и Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и Факултетот за физичко образование спорт и здравје од Скопје, (ФФОСЗ) ја официјализираа својата соработка.

Денеска во просториите на МКФ беше потпишан Меморандум помеѓу Претседателот на федерацијата од една страна Петар Наумоски, и деканот на ФФОСЗ, Ленче Алексовска – Величковска.

Со меморандумот, се интензивира и се подига нивото и формата на соработка помеѓу двете страни.

– Нам целта ќе ни биде отстранување од корен на тие технички дефицити кај помладите категории како и имплементирање на тој систем за лиценцирање на тренерите во кошарката кој беше направен уште минатата година. Сè е подготвено, само сега ќе нагласиме и временски рокови во кои сакаме да се исполнат, нагласи Наумоски.

Деканот Алексовска-Величковска потврдувајќи ги проблемиte со кои се соочува кошарката нагласи дека без соодветна едукација на тренерите е невозможно да се продуцираат идни кошаркари.

-Генезата за сите овие проблеми нам ни е многу позната, а тоа е намалена желба за едукација кај тренерите како што е случајот со поразвиените земји. Ние сме упорни во нашите цели и нема да се откажеме, во тоа сум сигурна. Имаме јасна цел пред нас и за мене – нема препреки за остварување на истата. Мора да се постави унифициран систем за едукација и да се постави базата кај младите играчи. Не е возможно играч на 15 години да нема елементарно познавање и да не знае што е тоа „додавање“ колку едноставно и да звучи тоа. Ние незалудно потпишавме Меморандум за соработка. Но, мора на сето ова да има и практична примена, да не биде само формалност. Доколку сакаме резултати, мора веднаш да се започне со работа, дополни деканот при ФФК.

Прв чекор ќе биде едукацијата за лиценцирање на тренерските кадри, а веднаш потоа ќе се пристапи и кон мерења на младите кошаркари кои се дел од националните селекции.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он