„Потфрливме во нападот“ едногласни во таборот на македонската репрезентација

Од:

Во натпревар со многу борба победи репрезентацијата на Исланд. Ако еден состав мечот го заврши со 18 промашени удари и 19 грешки и покрај добрата одбрана не може да се надева на победа. Потфрливме во нападот, а одбраната ни беше добра иако денеска и двајцата голмани имаа одличен ден. На овој натпревар и среќата беше на нивна страна, истакна македонскиот селектор Звонко Шундовски на прес-конференцијата по загубениот дуел со Исланд на Светското првенство во ракомет.

И голманот на Македонија Борко Ристовски кој денеска беше најдобриот наш поединец причината за загубениот дуел ја гледа во лошата игра во нападот.

– Натпреварот го загубивме во нападот каде многу грешевме. Исланд знаеше тоа да го казни. Во вториот дел кога имаа 3-4 разлика знаеја како да ја сочуваат таа пред предност, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он