Постигнат договор меѓу МКФ и клубовите, првенството почнува претстојниот викенд

Од:

Македонската кошаркарска федерација преку соопштение ја информира јавноста дека вчера во доцните попладневни часови добиле информација од Здружението на клубови од Првата лига дека мнозинството на клубови се согласи со последниот предлог на раководството на федерација и прифаќаат Првата лига во машка конкуренција во сезоната 2016/2017 да стартува на 19 ноември.

– МКФ сака да им изрази благодарност на сите клубови од Првата лига што со една ваква одлука ќе помогнат кошарката веќе да не е заложник на некои други интереси, туку да се врати на позициите кои ги има во нашиот спорт. Се надеваме и сметаме дека  доцнењето на стартот на Првата лига од триесеттина дена нема да претставува проблем за клубовите ниту  во календарот на натпреварување, стои во денешното соопштени на МКФ.

Воедно, раководството на федерацијата им посакува успешна натпреварувачка 2016/2017 сезона, на сите клубови од нашето најсилно првенство.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос