Последно коло од групната фаза на ЕП за ракометарки

Од:

На Европското првенство за ракометарки кое се одржува во Србија, вечерва се играат натпреварите од последното коло по групи. Останува борбата за едно од четирите места во полуфиналето.

Во конкуренција за празното место во групата 1, се селекциите на: домаќинот Србија, светскиот вицепрвак Франција и Данска трикратен европски шампион. Најблиску до остварување на целта е Србија која има бод повеќе од Франција и од Данска.

Пласман во полуфиналето веќе имаат обезбедено: европскиот шампион Норвешка (група 1), Црна Гора и Унгарија (група 2).

Преглед на натпреварите од 3.коло од главната фаза:

Група 1 (Белград): Чешка – Шведска, Србија – Франција и Норвешка – Данска.
Табела: Норвешка 8 бодови, Србија 5, Данска 4, Франција 4, Шведска 3, Чешка 0.

Група 2 (Нови Сад): Шпанија – Црна Гора, Германија – Романија и Унгарија – Русија.
Табела: Унгарија 6, Црна Гора 6, Германија 3, Шпанија 3, Русија 3, Романија 3.

Двете првопласирани репрезентации од групите ќе вкрстат во полуфиналето, кое на програмата е в сабота, додека третопласираните селекции од групите ќе играат во борба за 5.то место.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он