Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Пирс ќе одигра уште една сезона и потоа ќе ја заврши својата кариера.
– Време е продолжам понатаму. Мирен сум по оваа одлука за крај на мојата кариера, но ми остана уште „едно возење“. Има уште една сезона, уште една шанса. Мислам дека имаме добар тим и сакаме да ја освоиме НБА лигата, изјави Пирс за американските медиуми.
Пол Пирс во 2008 година како дел од екипата на Бостон ја освои шампионската титула во НБА лигата. Таа година тој го доби признанието МВП на финалето. Досега во својата кариера има одиграно 18 сезони. Тој кариерата ја почна во 1998 година во Бостон, каде играше 15 сезони. Една година беше играч на Бруклин, а потоа една сезона мина и во Вашингтон. Лани потпиша за ЛА Клиперс, каде ќе игра и во својата последна 19.та сезона во НБА лигата.