Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, денеска ќе се одиграат натпреварите од последното 10.коло во Супер лигата.
Веќе се познати три од четирите екипи кои ќе играат во плејофот, а тоа се, МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи и Работнички.
Имајќи во предвид дека останатите три екипи кои се борат за последното четврто место што води во плејофот во меѓусебните дуели имаа по една победа и пораз, тогаш ќе решаваа кош разликата во меѓусебните средби.
Така од 18 часот во Кавадарци, Фени Индустри ќе брка победа против Работнички кој пак со триумф ќе биде сигурно втор.
Во истиот термин, Карпош Соколи го пречекува Кожув, а еден час подоцна (19) во Куманово кај истоимената домашна екипа гостува лидерот и актуелен шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 17 бода, Карпош Соколи 15, Работнички 15, Кожув 12, Куманово 11 и Фени Индустри 11.