После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Од:

По пет години поминати заедно, Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ решија да ја прекинат соработката пред Мастерсот во Монте Карло, каде српскиот тенисер ќе се обиде да ја освои титулата и да ја зголеми предноста на АТП листата.

Веста за прекин на соработката дојде сосема ненадејно, поточно ретко кој очекуваше ваков епилог, а целата ситуација ја објави и Новак Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил.

Таму закачи емотивна порака во која се прости од својот поранешен тренер.

– Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство беше секогаш силно. Всушност, со гордост можам да кажам (не сум сигурен дали и тој е) дека покрај тоа што заедно победуваме на турнири со години. Шефе, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам – напиша Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер