Репрезентацијата на Португалија го освои 3. место на десеттото издание на фудбалскиот Купот на Конфедерации, што се одржува во Русија.
Актуелните европски шампиони Португалците во „малото финале“ одиграно во Москва, ја совлада селекцијата на Мексико со 2:1 по продолженијата.
Иако Мексиканците беа на прагот на победа откако поведоа со 1:0 благодарение на автоголот на Нето во 54. минута, сепак во последната 90. минута Пепе го израмни резултатот и се избори за дополнителни 30.минути. Во нив клучниот момент се случи во 104. минута, кога Адриен Силва ја реализира најстрогата казна на Португалија за победа од 2:1 и освојување на третото место.
Во финалето кое ќе се игра вечерва од 20 часот во Санкт Петербург ќе играат актуелниот светски шампони Германија и Чиле шампионот на Јужна Америка.
За двете селекции ова е можност првпат да го освојат трофејот во ова натпреварување.