Португалија доби час по ракомет од Франција – паднаа неколку рекорди

Од:

Франција ја победи Португалија во второто коло од втората групна фаза со 46:38.

На овој натпревар беа срушени неколку рекорди – прво, Французите поставија нов рекорд на EHF Euro со 28 постигнати гола во првото полувреме, соборувајќи го претходниот што го држеше Полска со 26 гола против Белорусија во 2014 година.

За да биде уште поимпресивно, „триколорите“ постигнаа 28 гола од 32 шута (88%).

Португалија одигра подобро второ полувреме, Франција постигна „само“ 18 гола во тој дел од играта, но доволно за да сруши уште еден рекорд.

Со вкупно 84 гола, овој натпревар е најефикасен во историјата на Европското првенство. Досега, рекордот го држеа Словенците и Црногорците со 81 постигнат гол (41:40).

Најзаслужни за тоа за Французите беа Мем со 8, Фабрегас со 6 и Ричарсон со 5 гола, додека од другата страна се истакнаа дури пет играчи со по пет гола.

Франција сега има четири бода, додека Португалија е сè уште на двата што ги пренесе од Групата А.

Би можело да ве интересира

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

ВИДЕО: Данците владеат со европскиот и светскиот ракомет

Страшна бура во Португалија и Шпанија – шестмина загинати, еден милион корисници без електрична енергија

А1он

Исланд е во полуфинале на ракометното ЕП – првпат по 16 години

А1он

Данска маршира кон полуфинале на ЕП во ракомет – прескокната е и Шпанија

А1он

Хрватска го победи Исланд на патoт кон полуфинале на ракометното ЕП

А1он