Портланд ноќеска со победа од 106:103 против ЛА Клиперс, успеа да стигне до полуфиналето во западната конференција, каде сега ги очекува сериозен тест против актуелниот шампион Голден Стејт.
Во победата против Клиперс, најдобар поединец кај Портланд беше Лилард, кој постигна 28 поени.
Во останатите две средби, Мајами успеа некако да изедначи против Шарлот на 3-3, и да ја направи последната утакмица максимално интересно. Во оваа пресметка, ќе има седми натпревар, мајсторка. Вејд беше најдобар со 23 поени за Мајами.
Исто така и Индијана обезбеди последен натпревар, односни седни, бидејки ноќеска изедначи на 3-3 против Торонто, кој го победи 101-83. На овој меч, најдобар поединец кај Пејсерси беше Пол Џорџ, со 21 поен, следен од Тарнер со 15 и Елис со 14 поени.