На последното европското првенство, Валентин Порт беше вистинско откритие.
Тогаш како десен бек го искористи неиграњето на Бараше и одигра импресивно финале против Данска.
Сега на овој турнир игра повеќе како десно крило, бидејќи Лук Абало се повреди пред турнирот да почне и затоа ракометарот на Тулуз се користи на оваа позиција:
„Сеедно ми е на која позиција играм. Тактички играме добро, го знаеме Системот на игра и функционираме. Бек или крило, не ми е најважно. Сме играле многу вакви натпревари, не треба да има пресија. Само се надевам дека нашата одбрана ќе биде цврста и организирана како на претходните натпревари“, вели француската атракција, Порт.
Онеста инфилтрира во националниот тим многу добри, нови момци и во комбинација со сенаторите Омејер, Гигу, Жером Фернандез, прават перфектен микс.
Бубмејкерите јасна предност од сите четири селекции му даваат на Франција, која овој викенд ја брка петтата светска круна во интервал од 18 години, или четврта во новиот милениум.