Порази за екипите на Антиќ и на Мекејлеб

Од:

Екипите на Олимпијакос (Перо Антиќ) и на Фенербахче (Лестер Бо Мекејлеб) ги загубија натпреварите од 10.коло одиграни синоќа во Атина односно Истанбул.

Во Атина победа над домашниот тим оствари европскиот првак Барселона. Антиќ за 13 минути и 25 секунди постигна 7 поени.

Во Истанбул, Фенербахче загуби од Макаби, а Мекејлеб за 36 минути имаше ефект – 12 поени, 9 скокови и 3 асистенции.

Резултати на натпреварите од 10.коло: Олимпијакос – Барселона 77:90, Фенербахче – Макаби 85:94, Жалгирис – Реал Мадрид 104:105 (продолжение), Алба Берлин – Ефес 86:91 и Бросе Баскет – ЦСКА Москва 58:78.

Денеска на програмата се натпреварите: Химки – Монтепаски, Бешикташ – Каха Лаборал и Уникаха – Панатинаикос.

Табела Е група: Реал Мадрид 9-1 (победи-порази), Ефес 8-2, ЦСКА 7-3, Панатинаикос 6-3, Уникаха 4-5, Жалгирис 4-6, Алба 1-9, Бросе Баскет 0-10.

Табела Ф група: Барселона 9-1, Монтепаски 7-2, Олимпијакос 6-4, Химки 5-4, Макаби 5-5, Каха Лаборал 4-5, Фенербахче 2-8, Бешикташ 0-9.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он