Пораз за европскиот кошаркарски шампион во 1.коло од ТОП 16 фазата

Од:

Актуелниот европски кошаркарски првак, тимот на Олимпијакос за кој настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ, синоќа во 1.коло од ТОП 16 фазата во Евролигата, загуби на гостувањето кај Каха Лаборал со 82:74.

Антиќ одигра 20 минути и постигна 13 поени (2/2; 3/7), оствари 4 скокови и 4 асистенции.

На другите синоќешни натпревари од 1.коло во Ф групата постигнати се следниве резултати: Бешикташ – Химки 75:80 и Монтепаски – Макаби 79:69.

Вечерва во оваа група играат Барселона – Фенербахче Улкер.

Два натпревара се одиграа и во Е групата: Алба – Реал Мадрид 63:77 и Уникаха – Бросе Баскет 85:82.

Вечерва играат ЦСКА Москва – Анадолу Ефес и Панатинаикос – Жалгирис.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он