Пораз на македонските јуниори од Данска на ЕП во кошарка

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вчеравечер загуби од Данска во 3. коло на Европскиот шампионат – Б дивизија за играчи до 20 години што се одржува во Струмица.

Конечниот резултат 58:56 (по четвртини 19:7; 13:7; 10:15 и 16:27) за данските јуниори е одраз на лошата игра на Македонија во првото полувреме. Во тој период избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ реализираа само 14 поени, наспроти 32-та на противникот.

Иако во вториот дел „црвено-жолтите“ се обидоа да направат пресврт, сепак тоа не се случи. Македонија со „тројката“ на Оливер Двојаковски со звукот на сирената стигна само на два негатива.

Љубомир Младеновски беше најдобриот поединец во македонскиот состав со „дабл-дабл“ од 14 поени и 12 скокови, додека Андреј Магдевски имаше учинок од 16 поени и 6 скокови.

-Доста незгоден пораз. Уште пред натпреварот им кажав на кошаркарите дека не смееме да ги потцениме Данците, дека мора да играме агресивно и пред се колективно во напад. Тоа не беше случај во првото полувреме, кога и се одлучи натпреварот. Промашивме многу шутеви, многу зицери и иако заигравме доста подобро во второто полувреме, не успеавме да направиме пресврт. Во второто полувреме бевме многу поконкретни и сигурен сум дека ако на тој начин го почневме натпреварот, исходот ќе беше комплетно различен, рече селекторот Куртовиќ по натпреварот.

Во првиот натпревар од групата А во ова коло, Полска ја совлада Унгарија со 83:48.

Токму Полска ќе биде следен противник на Македонија вечерва од 18 часот и 45 минути во натпреварот од 4.коло.

Табела: Полска 4 бодови (2 натпревари), Данска 4 (3), Унгарија 4 (3), Македонија 3 (2) и Финска 3 (2).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ