Пораз на лидерот Игокеа, МЗТ гостува во Белград

Од:

Во регионалната кошаркарска АБА лига се играат натпреварите од 19.коло во кое четвртиот пораз го забележа водечката Игокеа која синоќа беше поразена на гостински терен од Унион Олимпија со 69:63.

Македонскиот шампион и претставник во ова натпреварување, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот ќе гостува во Белград кај Црвена Звезда.

Покрај натпреварот Црвена Звезда – МЗТ Скопје Аеродром денеска играат и Широки – Цибона (17 часот).

Постигнати резултати на другите вчерашни дуели: Задар – Цедевита 73:74, Сплит – Шолнок 62:70 и Будуќност – Крка 74:66.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот Раднички – Партизан (20:30).

Табела: Игокеа 15-4 (победи-порази), Црвена Звезда 12-6, Партизан 12-6, Будуќност 11-8, Цедевита 11-8, Раднички 10-8, МЗТ Скопје Аеродром 10-8, Унион Олимпија 10-9, Крка 8-11, Задар 7-12, Сплит 7-12, Цибона 6-12, Широки 6-12 и Шолнок 5-14.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он