Кошаркарската репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство од Литванија со 75:67.
Во Јесенице вечерва Литванија беше пресилна за избраниците на Алеш Пипан
Калнеитис со 17 поени ги предводеше Литванците до победата, Мачиулис имаше 14 поени Валанчиунас 11.
Владо Илиевски кај нас беше најпрецизен со 13 поени, Антиќ запиша 12 поени и 8 скока, Мекејлеб имаше 11.
На табелата Србија и Летонија се први со максимални две победи, Црна Гора и Литванија имаат по една победа и пораз, додека Босна и Македонија се без победа, со 2 порази.