Поранешниот тренер на Осака бара 2 милиони долари

Од:

Најдобрата тенисерка во светот, Наоми Осака пред месец дена одлучи да ја сопре соработката со тренерот Саша Бајин. Таа одлука ги изненади сите, но ова не е единствената контроверзна ситуација со Јапонката.

Кристоф Жан, нејзиниот тренер од јуниорските денови, ја тужи Осака поради тоа што не го почитувала договорот вреден 2 милиони долари. Како причина, тој наведе обврска потпишана од нејзиниот татко Леонард Франсоа (Наоми го зеде презимето по градот во кој е родена) уште во 2011 година. Тој тврди дека договорот предвидува Жан да добива 20 отсто од заработката на Наоми и нејзината година дена постара сестра Мари, која е 338 место на ВТА листата.

– Не сакав да дојдеме до суд, но кога последен пат разговарав со нејзиниот татко, тој ми кажа да најдам адвокат. Токму тоа го направив, рече Жан.

Колку е сериозна ситуацијата, станува јасно од тоа дека Осака, исто така, ангажирала искусен адвокат, кој веќе започнал да се занимава со делото.

– Кога некој како Наоми преку ноќ ќе прави метеорски подем, јасно е дека можат да се очекуваат лажни тврдења. Наоми никогаш не го видела или потпишала овој глупав договор, напиша адвокатот Алекс Спајро во соопштението по повод тужбата.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех