Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Андерсон се врати во Европа. По три години во неговиот роден Бразил, играчот од средниот ред му се придружи на турскиот второлигаш Адана Демирспор со тригодишен договор.
Помеѓу 2015 и 2017 година, Андерсон играше за Интернационал, додека во последната сезона го носеше дресот на Коритиба.
Триесетгодишниот играч беше дел од Манчестер Јунајтед помеѓу 2007 и 2015 година, а за неговите услуги, „црвените ѓаволи“ платија 30 милиони евра на Порто.
Андерсон освои четири титули на Англија, Лигата на шампионите, Светското клубско првенство, Лига Купот и двапати „Комјунити Шилд“.