Веројатно најоригиналната најава за финалето на Европското првенство доаѓа од насловните страници на шкотскиот печат.
Локалниот весник „The National“ го воодушеви фудбалскиот свет со порака за шпанскиот тим пред мечот за титулата европски првак со Англичаните. Шкотите, за кои е познато дека имаат голема нетрпеливост кон Англичаните, бараат од Шпанија „да им се одмазди на Англичаните“ за сето она што го прават во нивната земја со години.
Пораката која „осамна“ на насловната страница на споменатиот весник гласи вака:
„Секое лето ги полнат вашите плажи. Ви го пијат целото пиво. Прават хаос на вашите плоштади. Јадат пржена храна по цел ден и покрај вашата прекрасна храна. Тие се повлекуваат во вашите села и ги користат вашите јавни услуги. Тие дури и не се мачат да ги научат шпнаксиот јазик. Сега, пишува „National“…Време е за одмазда!“.
The National front page is just plain nasty.
I'm 99% behind England on Sunday.
1% is hoping I wake up in an alternate universe and Scotland is in the final. pic.twitter.com/gmsr1V8ADD— ReducedCapacity (@ReducedCapacity) July 13, 2024
Во продолжение на овој апел на Шкотите за Шпанците, на крајот пишува:
„Нашата порака до Шпанците: Спасете не од англиска победа (или нема да има крај на нивните прослави)“.
На насловната страница, заедно со споменатите зборови, доминира фотографија на која шпанскиот калчолигаш Родри силно ја шутира топката, заменет од англиски турист со прекумерна тежина.
Шкотите, секако, алудираат на повеќегодишната инвазија на англиските туристи во нивните омилени шпански летувалишта и затоа ги повикуваат Шпанците да возвратат на фудбалските терени.