Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

Од:

Трансферот на шпанскиот фудбалски репрезентативец Марко Кукуреља од Челси во Реал Мадрид предизвика силни реакции кои ги надминаа спортските граници.

Веста одекна за време на Светското првенство и дополнително ги зголеми тензиите меѓу навивачите, особено поради фактот што Кукуреља порасна во познатата „Ла Масија“, младинската академија на Барселона.

Посебен фокус на јавноста беше насочен кон неговата сопруга Клаудија Родригез, која беше цел на навреди, па дури и смртни закани на социјалните мрежи.

Причината за тоа беше нејзиното јавно соопштение во кое го изрази своето воодушевување од трансферот и призна дека е навивачка на Реал Мадрид од детството.

Таквиот став предизвика гнев, особено кај навивачите на Барселона, кои го сметаа потегот за предавство.

Ситуацијата беше дополнително комплицирана од фактот што трансферот беше реализиран во време кога Кукуреља бележеше добри игри за шпанската репрезентација, па вниманието на медиумите и јавноста беше максимално насочено кон него. И покрај притисокот, играчот нагласи дека одлуката била професионална и логична, нагласувајќи дека „многу е тешко да се каже не на Реал Мадрид“ и дека верува дека тоа е најдобриот потег за неговата кариера.

Клаудија објасни дека за понудата дознале преку видео повик и дека трансферот практично веќе бил договорен меѓу клубовите.

Иако преселбата во Мадрид ѝ значи многу лично, таа призна дека не очекувала толку голем број негативни реакции и закани.

Би можело да ве интересира

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Мбапе самоуверено со изјава за „Златната топка“: Имам аргументи, јас сум најдобар!

А1он