Со помош на дождот Надал до трофејот во Рим

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на престижниот Мастерс турнир во Рим. Тој денеска по голема борба го совлада Германецот Александр Зверев со 2-1, по сетови (6:1, 1:6 и 6:3).

Надал до победата во римската престолнина дојде по незавидната позиција во која се наоѓаше и која беше прекината поради дожд. Во решавачкиот трет сет, Зверев водеше со 3-2 и имаше брејк предност, а по паузата сликата на теренот се смени и Надал со серија од 4:0 направи резултатски пресврт.

На крајот по точно два часа и шест минути игра, Надал стигна до 78-от АТП трофеј во неговата кариера.

Мастерсот во Рим се играше за награден фонд од 4,87 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест