Со полумаратонска трка се затвора Струмица опен фестивал

Од:

Со организирање на полумаратонска трка во должина од 21 километри, како и на 5 и 10 километри, ќе се затвори годинашново, седмо издание на Струмица опен фестивал, сооштија денеска на прес конференција организаторите на трката-ЗСК „Југоисток“ и „Културно забавен живот“ од Струмица.

На трката, која ќе се одвива по улиците на Струмица в недела, се очекува да учествуваат 250 атлетичари од земјава и странство.

– За секој учесник е предвиден медал за завршување на трката и награден фонд од 30.000 денари за победниците на полумаратонот. Ја користам приликата да ги поканам сите граѓани да излезат и да дадат поддршка на овој настан, кој ќе го стави нашиот град на светската мапа на градови организатори на вакви големи настани, рече Влатко Манчев од ЗСК „Југоисток“.

Апелираше до граѓаните да ги отстранат своите возила од улиците по кои ќе тече трката заради безбедност на сите и да ги почитуваат упатствата на полицијата и организаторите.

Би можело да ве интересира

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Разрешени се сите членови на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

Полицијата уапси пироман кој опожари две возила во кругот на струмичката болница

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица