Полуфинални пресметки на СП во ракомет

Од:

На Светското првенство во ракомет што се одржува во Шпанија вечерва се играат полуфиналните натпревари. Први во салата „Палау Сант Жорди“ во Барселона ќе се појават домаќинот Шпанија и најпријатното изненадување Словенија.

За Словенија ова е прво полуфинале на Светските првенства додека го играат второ полуфинале откако 2004 година како домаќини на Европското првенство го освоија второто место.

За Шпанија ова ќе биде петто полуфинале, а светски шампион беше 2005 година предводени од Икер Ромеро. Шпанија е единствената репрезентација која има пораз на овој шампионат, а игра во борба за медал. Загубија во групата од Хравтска со 27:25.

Во второто полуфинале на теренот ќе се појават европскиот првак Данска и Хрватска.

Данска најдобар пласман на СП има постигнато 2.место пред две години кога беше зад Франција (пораз во финалето) и 1967 година. За европскиот првак ова ќе биде 10.то полуфинале.

Хрватска светски шампион беше 2003 година и од тој настан е постојано во ракометниот врв. Покрај титулата Хрватска има уште четири настапи во полуфиналето, а трипати беа второпласирани.

Хрватска на Олимписките игри во Лондон ја победи Данска со 32:21, додека Шпанија беше поуспешна од Словенија на Европското првенство во Србија со 35:32.

Според програмата натпреварите ќе се играат: Шпанија – Словенија (почеток 19:15 часот) и Данска – Хрватска (почеток 21:30 часот).

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он