На централниот терен на Вимблдон денеска ќе се одиграат двата полуфинални дуела.
Први на теренот во 14 часот ќе се појават Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро, а потоа е дуелот Енди Мареј – Јиржи Јанович.
Најдобриот светски играч Ѓоковиќ четврти пат по ред ќе игра во полуфиналето и ќе се обиде да ја освои титулата. Неговиот ривал Дел Потро со пласманот во полуфиналето го постигна најголемиот успех на Вимблдон.
Во меѓусебните дуели скорот е 8-3 за Ѓоковиќ, а една од трите победи Дел Потро има постигнато на Олимписките игри токму на терените на Вимблдон во мечот за бронзен медал.
Исто така Аргентинецот беше подобар од Србинот и на последниот меч одигран во Индијан Велс.
Во второто полуфинале домашниот миленик Енди Мареј ќе се обиде да се избори за второто финале во низа. Мареј петта година е учесник во полуфиналето и важи за апсолутен фаворит во мечот со полскиот тенисер Јиржи Јанович. Полјакот лани играше само до 3.коло, а сега е во ТОП 4.
Во меѓусебните дуели билансот е 1:1 со тоа што Јанович го доби мечот лани во Париз (Мастерс), а Мареј беше поуспешен во меч од Дејвис купот.