Најмладите кошаркари од државното првенство на Македонија разигруваат за титулата на завршен Ф8 турнир.
Првиот натпреварувачки ден беше комплетиран вчеравечер, а натпреварите беа одиграни во спортската сала „Независна Македонија“ при основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје.
Резултати:
МЗТ Скопје Аеродром – Баскет Кам 70:45
Вардар 2 – Спортисимо 63:41
Вардар 1 – Дино Баскет 65:25
Водњански Лисици – ФМП Академија 2:0 (службено).
Денес ќе се одиграат два полуфинални дуела, а утре ќе се разигрува за третото место и за шампионската титула.
Денес и утре натпреварите ќе се одиграат во малата сала на „Кале“. Првото полуфинале, помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Водњански Лисици ќе започне во 17 часот, додека второто полуфинале е закажано за два часа подоцна, а во него ќе се пресметаат екипите на Вардар 2 и Вардар 1.