Полуфинални дуели во машка конкуренција на Ролан Гарос

Од:

На тенискиот гренд слем турнир во Париз денеска на програмата се машките полуфинални натпревари.

Во 13 часот на централниот терен „Филип Шатрије“ треба да се одигра првиот и најинтересен полуфинален меч меѓу светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и бранителот на титулата Рафаел Надал.

Ѓоковиќ во Париз ќе се обиде да го освои единствениот гренд слем турнир на кој досега нема победено и да стане втор играч кој на овој турнир успеал да го победи седумкратниот победник Рафаел Надал и осми кој ги освоил сите четири големи турнири.

Надал во кариерата има одиграно 58 мечеви и само еднаш има изгубено на Ролан Гарос во 2009 година од швеѓанецот Робин Содерлинг. Тој оваа сезона веќе има освоено пет титули на турнирите на земјена подлога.

Ѓоковиќ и Надал досега се имаат сретнато четири пати на Ролан Гарос. Прво во четвртфиналето 2006 година кога Ѓоковиќ го предаде мечот после два изгубени сета, потоа 2007 и 2008 година во полуфиналето кога во двата случаи шпанецот славеше со 3:0 и минатата година во финалето кога Новак првпат зема сет, а Надал се извлече благодарејќи на прекинот на мечот поради дожд.

По засега најинтересиот меч на Ролан Гарос, на програмата е вториот полуфинален дуел меѓу французот Жо Вилфред Цонга и шпанац Давид Ферер.

Кај жените вчера беа одиграни полуфиналните мечеви. Марија Шарапова ја победи Викторија Азаренка, а Серена Вилијамс издвојува победа над италијанката Сара Ерани.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех