Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги избра Полска и Шведска за домаќини на Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција.
Шведски домаќини на Мундијалот што ќе се игра од 11 до 29 јануари 2023 година се очекува да бидат Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристанштад и Јоншепинг, додека градовите домаќини во Полска ќе бидат одредени оваа есен.
Финалето треба да се одржи во Стокхолм во „Теле2 Арена“ со капацитет од 20.000 гледачи, додека жрепката ќе биде во Полска во јануари идната година.
На ракометниот Мундијал ќе настапат 32 репрезентации, а домаќините и бранителот на трофејот Данска веќе имаат обезбеден настап.
Полска за прв пат ќе биде домаќин на СП во ракомет, додека Шведска по петти пат.