Пол Пирс погоди со звукот на сирената за 2:1 на Вашингтон

Од:

Екипата на Вашингтон поведе со 2-1 против Атланта во полуфиналето до плејофот на Источната конференција во кошаркарската НБА лига.

На средбата одиграна ноќеска во Вашингтон, составот на „Визардси’’ до победа од 103:101 стигна со кошот на Пол Пирс на 8-десетинки до крајот. Пирс средбата ја заврши со 13 поени, а беше еден од петмината играчи кај домаќините со двоцифрен број на поени. По 17 поени постигнаа, Хиларио Нене, Бредли Биал ( и 8 асистенции) и Ото Портер (и 9 скокови), додека Марцин Гортат имаше 14 поени (и 8 скокови).

Кај гостите од Атланта, по 18 поени постигнаа Џеф Тиг и Денис Шредер, додека македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 15-минути, период во кој постигна само 1 поен, без реализација од игра (0/4).

И следниот четврти натпревар ќе се игра во Вашингтон веќе во вторник наутро во 1 часот.
Во вториот меч одигран синоќа, најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Голден Стејт загуби на гостувањето кај Мемфис со 89:98, па сега „Воините’’ имаат негатива од 2-1 во победи, во полуфиналето на Западот. Стефон Кари со 23 поени беше најефикасен во поразената екипа, воедно и на натпреварот, а кај победниците поен помалку (22) постигна Зек Рендолф.

Вечерва од 21 часот и 30 минути ќе се игра третиот меч меѓу Чикаго и Кливленд во кој домашниот тим влегува со предност од 2-1 во победи, во серијата подобар до четири.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on