Подмладениот кошаркарски тим против Русија

Од:

Првиот тест за олимписките квалификации, подмладениот состав на македонската кошаркарска репрезентација го има со најдобриот тим на Русија.

Одмерувањето на силите ќе биде денеска попладнево во Каунас, Литванија, во рамките на подготовките за Олимпискиот квалификациски турнир во Каракас, Венецуела. Македонскиот тим е ослабен и ќе настапи без ѕвездите Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Влатко Илиевски и Лестер Бо Мекејлеб. Селекторот Марјан Лазовски на овие контролни натпревари ќе има можност да ги провери квалитетите на неколкумина дебитанти, како Стојан Ѓуровски, Тод Зафировски, но и 15-годишниот Кристијан Николов.

Натпреварот Македонија – Русија ќе започне во 17 часот и 30 минути, а два дена подоцна, македонските кошаркари ќе одиграат контролен натпревар и со Литванија.

Овие две селекции се и главните конкуренти за трите места на турнирот во Каракас.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он