Почнуваат натпреварите од новата сезона во еврокуповите на УЕФА

Од:

Со првите натпревари од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите и на Лига Европа денеска стартуваат натпреварувањата во рамките на УЕФА.

На првиот ден од новата сезона ќе настапи и една екипа од Македонија. Тетовска Шкендија во Куманово е домаќин на Портдаун од Северна Ирска. Ова е натпревар од Лига Европа, а почетокот е во 17 часот и 30 минути.

Во истиот термин играат и Викингур – Гомел.

Другите два македонски тима Металург и Ренова своите натпревари ќе ги одиграат в четврток. Металург гостува на Малта кај Биркиркара, додека Ренова во Куманово ќе го дочека Либертас.

Денеска се играат и трите натпревари од Лигата на шампионите, а двојките се: Дуделанж – Тре Пене, Валета – Луситанс и Линфилд – Б36.

Македонскиот првак Вардар во првото коло е слободен и во следната рунда ќе игра со шампионот на Белорусија БАТЕ Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он