Почнува завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија

Од:

Со првите два четвртфинални натпревари денеска во „СЦ Борис Трајковски“ во Скопје ќе започне 21.то издание на финалните турнири од кошаркарскиот Куп на Македонија во машка конкуренција.

„Фајнл еит“ ќе биде отворен со натпреварот од 18 часот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Струмица. Во вториот денешен натпревар ќе играат Фени Индустри – Работнички (20:45 часот).

Победниците од денешните средби в сабота ќе играат во првото полуфинале (почеток 18 часот).

Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од четвртфиналните средби кои ќе се играат в петок. Двојките се: Кожув – Вардар (18 часот) и Лирија – Куманово (20:45 часот).

Полуфиналниот натпревар број 2 на програмата е в сабота од 20 часот и 45 минути, додека финалето в недела ќе започне во 19 часот.

Бранител на трофејот од ланската сезона е МЗТ Скопје Аеродром кој има вкупно пет титули во ова натпреварување, а Работнички е најтрофејната екипа со осум куп победи.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он