Во САД денеска почнува последниот Гренд слем турнир сезонава „УС опен“.
Главни фаворити се првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, додека Рафаел Надал поради повреда ќе отсуствува од турнирот.
Ѓоковиќ во Њујорк вечер ќе игра против аргентинецот Диего Шварцман и тоа ќе биде нивни прв дуел. Доколку победи, во второто коло, Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од мечот Жил Милер и Пол Анри Матје. Во неговата група се и Џон Изнер, Филип Колшрајбер, Енди Мареј, Жо-Вилфред Цонга и Стан Вавринка.
Во другата група се Роџер Федерер, Давид Ферер, Томаш Бердих, Григор Димитров и Ришар Гаске.
Кај жените, првите три места на фаворитската листа се резервирани за Серена Вилијамс, Ана Ивановиќ и Марија Шарапова.