Почнува пријавувањето за квалификациите за Светскиот боулинг куп

Од:

Денес стартува пријавувањето за квалификациониот турнир во боулинг за избор на преставник на Македонија на 52-риот QubicaAMF Bowling World Cup, што оваа година ќе се одржи во Шангај, Кина во периодот од 14-23 октомври.

Самите квалификации, втора година по ред се во организација на клубот „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling), а  локацијата на одржување како и минатата година е „Скопје Сити Мол“ и ќе се одржат во периодот 29 септември – 1 октомври 2016.

Токму најголемиот клуб во државата, „Bо Bowling“, во соработка со „Туркиш Аирлајнс“ се покровители на патувањето на македонскиот национален тим на светскиот куп во Кина. На победникот на финалниот турнир, кој е закажан на 1 октомври, ќе му биде обезбедено патувањето, сместувањето, како и котизација за учество на Светскиот Куп во Шангај.

На квалификацискиот турнир кој е од аматерски карактер учество може да земе секој граѓанин на Република Македонија без разлика на своето претходно искуство со практикување на боулинг.

Пријавувањето за турнирските кавалификации се врши преку пополнување на формуларот на самото место на одржување на квалификациите, клубот  „БО БОУЛИНГ“ (Bo Bowling) во Скопје Сити Мол, најдоцна до 28 септември.

Би можело да ве интересира

Битолчанки ќе ги бранат државните бои на СП во куглање до 18 години

А1он

Макпетрол шампион во кугларската лига на Македонија

Емир Латифовиќ

Кугларите на Макпетрол ја одбранија титулата

Ана Ололовска

Валкевски доби дозвола за трансфер, викендов продолжува кугларското првенство

Ана Ололовска

Усвоен натпреварувачкиот календар за вториот дел од Македонската кугларска лига

Ана Ололовска

Почнува мини преодниот рок во кугларската Прва лига

Ана Ололовска