Почнува мини преодниот рок во кугларската Прва лига

Од:

Со одлука донесена на седница на Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, денеска започнува мини преоден рок, кој ќе трае до 30 јануари до 12 часот.

На седницата беа утврдени и повеќе други рокови, каде се утврди дека вториот дел од регуларното првенство од кугларската лига ќе започне од 21 февруари.

Извршниот Одбор на Кугларската федерација дискутираше и за повторното одржување на училишната лига во куглање. Како што информираше претседателот на Извршниот одбор на Кугларската федерација, Александар Бичиклиски, училишната лига е предвидено да започне во втората половина на февруари, на истата учество ќе земат 24 екипи од средните училишта од Скопје, а натреварите ќе се одиграат во двете куглани во Скопје.

Би можело да ве интересира

Битолчанки ќе ги бранат државните бои на СП во куглање до 18 години

А1он

Почнува пријавувањето за квалификациите за Светскиот боулинг куп

Ана Ололовска

Макпетрол шампион во кугларската лига на Македонија

Емир Латифовиќ

Кугларите на Макпетрол ја одбранија титулата

Ана Ололовска

Валкевски доби дозвола за трансфер, викендов продолжува кугларското првенство

Ана Ололовска

Усвоен натпреварувачкиот календар за вториот дел од Македонската кугларска лига

Ана Ололовска