Почнува Меѓународниот шаховски турнир „Опен Карпош-2017“

Од:

Под покровителство на Општина Карпош, а во организација на шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“, денеска ќе биде отворен седмиот Меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош-2017“.

Турнирот ќе трае до 8 април и традиционално се одржува во хотелот „Александар Палас“. За отворен денеска во 16 часот официјално ќе го прогласи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На овој шаховски настан во Карпош се вбројува меѓу топ десетте кои се организираат во Европа, ќе учествуваат над 200 високо рангирани шахисти, велемајстори и интернационални мајстори од 30 земји.

Шаховскиот турнир во наредните седум дена ќе се одигра во девет кола. Во недела на 2 април ќе се одиграат две кола од 9.30 часот и од 17 часот, а потоа секој нареден ден натпреварувањата ќе почнуваат од 17 часот. Турнирот ќе се игра според правилата на Швајцарскиот систем во девет кола. Играчите ќе имаат на располагање 90 минути за повлекување на 40 потези и 30 минути до крајот на партијата со 30 секунди по потег, броејќи од првиот потег. Наградниот фонд за шаховскиот турнир изнесува 10.200 евра, а за најдобриот шахист за оваа година наградата изнесува 2.000 евра.

Би можело да ве интересира

Тинејџер од Индија е нов светски шампион во шах

А1он

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители