Во главниот град на Србија, Белград, денеска ќе биде отворено јубилејното десетто Европско првенство во футсал.
На турнирот ќе учествуваат на 12. најдобри екипи на Стариот континент поделени во четири групи.
А група: Србија, Словенија и Португалија.
Б група: Шпанија, Украина и Унгарија.
Ц група: Русија, Хрватска и Казахстан.
Д група: Италија, Чешка и Азербејџан.
Двете првопласирани од групната фаза одат во четврфиналето кое ќе се игра на 8 и 9 февруари. Полуфиналето е на 11 февруари, а два дена подоцна (13) е големото финале.
Трофејот го брани репрезентацијата на Италија.