Почна третото издание на меѓународниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Од:

Откако пред два дена ја предводеше Македонија до нов пласман на ЕП капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кирил Лазаров од денеска е во Охрид, каде е домаќин на третиот меѓународен ракометен камп „Кирил Лазаров 7’.

Околу 300 учесници од Македонија, но и од десетина други земји од регионот и пошироко, во две смени од денеска до 2 јули ќе работат со докажаниот тим на ракометни професионалци.

– Поголемиот дел од децата кои се пријавени и на ова трето издание се деца од претходните години, што ни укажува дека се задоволни и се враќаат и не само тие, туку и нивните родители и да си посакаме среќа и добри временски услови, Охрид е можеби најдоброто место за организирање на еден ваков камп, изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Идејата е овој камп да стане традиција и да се одржува секое лето, помагајќи им на младите да навлезат во тајните на ракометната игра. Годинашни гости на кампот ќе бидат и еминентни експерти кои работат во најголемите светски ракометни лиги. Меѓу нив ќе биде и Борче Маркоски, актуелниот селектор на Македонската младинска ракометна селекција, нашите тренери, како и Наташа Коцевска, која е тренер во германскиот бундес-лигаш Борусија Дортмунд.

Покрај спортските тренинзи на кампот ќе има многу дружење и забава, а за самиот крај на кампот оваа година ќе се организира и маскенбал, на кој учесниците ќе може да го покажат својот талент за пеење, танцување, глума, музика, цртање и многу други вештини. Кампот како и претходните две и оваа година ќе се одржи во хотелот „Аквалина“ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид