Почна футсал турнирот „СКОПЈЕ 2014“

Од:

На теренот на Спортскиот центар во Ново Лисиче, синоќа беше прогласено за отворено третото издание на најголемиот републички турнир во мал фудбал „Скопје 2014“. Турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а на отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Конески.

– Повторно сме заедно на еден од најголемите турнири во мал фудбал во Македонија, овде, во мултифункционалниот спортски комплекс во Ново Лисиче. Граѓаните на оваа населба се сеќаваат како изгледаше претходно ова место, на кое пред три години го изградивме овој спортски дом, со цел што поголема анимација на спортот, пред се кај младата популација, но и на сите оние што чувствуваат потреба да се рекреираат и да спортуваат. Оттаму, чувството на задоволство и на гордост како покровители, заедно со општината Аеродром, е големо, особено кога ги гледаме плодовите на успешно реализираниот проект и на остварувањето на главната цел со изградбата на новата повеќенаменска сала и на ова игралиште кое со задоволство се користи за фудбал, кошарка, ракомет, рече градоначалникот Трајановски.

Тој им посака успех на сите екипи и ги повика во фер игра да се дружат и забавуваат.

futsal2014-sk (1)

– За квалитетот на оваа манифестација говори постојаниот интерес кај екипите за пријавување, но она што посебно радува е многубројната публика, која и овој пат ќе има можност да гледа добри натпревари и да ужива во добрата дружба и добрата забава. На сите учесници на турнирот им пожелувам среќа, убав фудбал, фер-плеј, добра игра и многу возбудувања, истакна Трајановски.

Годинава, впрочем, како и претходните две, на овој турнир ќе настапат 48 екипи од Скопје и од Македонија, во трката за првите места и интересните награди обезбедени со помош на спонзорите и на буџетите на Град Скопје и на Општина Аеродром.

futsal2014-sk (2)

Натпреварите ќе се одржуваат секој ден од 17:30 до 23 часот. За најдобрите екипи и поединци обезбеден е награден фонд во вредност од 300.000 денари.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска