Почина Германецот кој со нож ја нападна Моника Селеш

Од:

Почина Германецот Гунтер Пархе кој со нож ја нападна Моника Селеш на 30 април 1993 година.

Според германските медиуми, Пархе починал во август минатата година, но таа вест до денес никој не ја знаел.

Пархе ги помина последните 14 години од својот живот во дом за стари лица во Нордхаузен, Тирингија. Тој живеел таму во една соба и умрел во сон во својот кревет.

Гинтер Пархе, навивач на Штефи Граф, беше напаѓачот кој истрча на теренот за време на паузата меѓу гејмовите и ја повреди југословенската тенисерка.

Мотивот зад нападот на тогаш 19-годишната тенисерка беше желбата да се врати Штефи Граф на првото место, што доволно говори за лудилото на Пархе.

Пархе помина шест месеци во притвор чекајќи ја пресудата, а подоцна беше осуден на две години условна затворска казна со задолжително лекување, откако беше утврдено дека е психички нестабилен.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест