Почеток на финалната серија во кошаркарскиот плеј-оф

Од:

Во „Спортскиот центар Борис Трајковски“ во Скопје вечерва од 19 часот екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Кожув од Гевгелија ќе го одиграат првиот финален натпревар од плеј-оф серијата.

Бранителот на трофејот МЗТ Скопје во трката прв до четири победи ќе ја има предноста евентуалната мајсторка (седми натпревар) да ја игра на домашниот терен.

Токму домашниот терен се покажа како решавачки во двата натпревари сезонава кои овие екипи ги одиграа во рамките од Суперлигата, забележувајќи по една победа пред своите симпатизери.

МЗТ Скопје Аеродром во рамките од 1.коло славеше победа со 77:71, а во Гевгелија во натпревар од 6.коло на победа со 83:80 се радуваше Кожув за кој ова е прво учество во финалето.

Инаку, МЗТ Скопје Аеродром пласман во финалето обезбеди откако со максимални 3-0 во полуфиналната рунда го елиминира тимот на Фени Индустри, додека Кожув со 3-1 беше подобар од Работнички.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он