Маурисио Почетино е првиот избор на Барселона да го замени Кике Сетиен. Каталонците се принудени да најдат нов менаџер за клубот по понижувачкиот пораз од 2:8 на Баерн Минхен. Тие беа елиминирани во четвртфиналето од Лигата на шампионите по 3-ти пат во последните 4 сезони.
Почетино е исто така фаворит за оваа позиција меѓу букмејкерите. Аргентинецот е без работа од ноември 2019 година, откако беше отпуштен од Тотенхем. Управата на Барселона бара силен карактер и се чини дека Маурисио Почетино е вистинската личност за работата. „Спорт“ додава дека клубот е во контакт со 48-годишниот Аргентинец уште од јануари.
Вреди да се спомене дека Кике Сетиен сè уште не е официјално отпуштен. Сепак, многу е веројатно дека ова ќе се случи многу наскоро. Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу изјави дека ќе има промени во клубот и со тоа навести дека промена на тренерското место е неминовна.
Легендата на Барселона Чави е втор избор меѓу потенцијалните замени. Другите се: Роналд Коман, Марсело Биелса и Роберто Мартинез.