Победникот од завршниот турнир во регионалната кошаркарска АБА лига, како и прволасираниот во лигашкиот дел по 26.те одиграни кола ќе обезбедат учество следната сезона во најсилното клупско европско натпреварување – Евролигата.
Ова е договорот меѓу раководствата на двете лиги со напомена дека, екипите кои ќе успеат да освојат место кое обезбедува настап во Евролигата ќе мораат да исполнуваат одредени услови за Б лиценца.
Потребни услови за настап на еден клуб во Евролигата се да играат во сала со капацитет од најмалку 5.000 гледачи, во градот да има барем два хотела од високи класи (4 ѕвезди) и во радиус од 100 км. во градот каде екипата е домаќин да има меѓународен аеродром.
Во случај да екипата која обезбедила учество, а не ги задоволува овие услови, следниот според пласманот ќе го заземе нејзиното место.