Победите на Литванија и Србија ја оставија Македонија во игра за следната фаза

Од:

Репрезентациите на Србија и на Литванијата ги победија Летонија, односно Црна Гора и со тоа и оставија надеж на Македонија дека може да се пласира во вториот круг на Евробаскетот во Словенија.

Синоќа во Јесенице Литванија по продолжение од пет минути ја совлада Црна Гора со 77:70 за трета победа и дефинитивна елиминација на Црна Гора од следната фаза.

Претходно Србија славеше против Летонија со 80:71 и стана првата селекција од групата Б која има сигурно учество во следниот круг.

За тоа да се случи и со Македонија потребно е денеска во последното 5.коло од првата групна фаза да се победи Летонија со 10 или повеќе поени разлика, Литванија да биде поуспешна од Босна и Херцеговина, а Србија да ја совлада Црна Гора.

На табелата водат Србија и Литванија, имаат три победи и по еден пораз, Летонија и БиХ се со биланс од по две победи и две загубени средби, додека Македонија и Црна Гора досега остварија по една победа и три порази.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка