Победи за Русија и Тунис на првите два денешни натпревара на ракометниот Мундијал

Од:

На Светското ракометно првенство во Франција попладнево се одиграа првите два натпревара од последното коло во групите А и Б.

Во групата Б, Тунис ја победи Ангола со 43:34 и сега ќе чека пораз на Исланд од Македонија за да помине во следната фаза.

Двојки за другите две средби од 5.рунда: Македонија – Исланд (17:45 часот) и Шпанија – Словенија (20:45 часот).

Табела: Шпанија 8 бода, Словенија 7, Македонија 4, Тунис 4, Исланд 3, Ангола 0.

Во А групата Русија го совлада Бразил со 28:24.

Распоред на натпреварите А група што треба да се одиграат до крајот на денот:

Франција – Полска (17:45 часот) и Норвешка – Јапонија (20:45 часот).

Табела: Франција 8 бода, Норвешка 6, Русија 6, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Од овие две групи пласман во осминафиналето имаат обезбедено: Шпанија , Словенија, Македонија, Франција, Норвешка, Русија, Бразил.

Последното место ќе го пополнат Исланд или Тунис.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски