Победи за ЛА Клиперс и Сакраменто во НБА лигата

Од:

На двата натпревара одиграни ноќеска во НБА лигата победи постигнаа ЛА Клиперс против Мајами на гости и Сакраменто на домашен терен над Чикаго.

Блејк Грифин и Крис Пол го предводеа тимот на ЛА Клиперс до седмата победа бидејќи и двајцата постигнаа по 26 поени, а најефикасен на дуелот беше играчот на Мајами Крис Бош со 28 поени.

На вториот натпревар тандемот на Сакраменто, Де Маркус Казнс и Руди Геј беа најзаслужните за победата на својата екипа. Казнс имаше 22 поена и 14 скокови, а Геј постигна 20 поени.

Вечерва се играат 12 натпревари: Шарлот – Орландо, Филаделфија – Феникс, Атланта – Детроит, Торонто – Милвоки, Мемфис – Бостон, Минесота – Сан Антонио, Оклахома Сити – Бруклин, Вашингтон – Кливленд, Далас – ЛА Лејкерс, Денвер – Њу Орлеанс, Голден Стејт – Јута и Портланд – Чикаго.

Пласман Источна конференција: Торонто 9-2 (победи-порази), Вашингтон 7-3, Чикаго 8-4, Милвоки 7-5,…

Пласман Западна конференција: Мемфис 10-2, Голден Стејт 8-2, Далас 9-3, Портланд 8-3, Хјустон 9-3,… 

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on