Победи за Кливленд и Голден Стејт во НБА лигата

Од:

Првопласираните екипи во двете конференции во НБА лигата Кливленд и Голден Стејт на ноќеска одиграните дуели остварија победи.

Кливленд ја совлада Јута, додека Голден Стејт беше подобар од Орландо. Во редовите на Кливленд по повредата се врати Кевин Лав и постигна 10 поени, а Голден Стејт со триумфот ја обезбеди титулата во Пацифик дивизијата.

Оваа вечер ја одбележаа и тројца играчи со „трипл-дабл“ и нивните екипи постигнаа победи. Расел Вестбрук го оствари 34.тиот сезонава против Торонто со 24 поени, 10 скокови и 16 асистенции. Никола Јокиќ од Денвер постигна: 17 поени, 14 скокови и 11 асистенции, додека Марк Гасол кај Мемфис „запиша“ 18 поени и по 10 скокови и асистенции.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Кливленд – Јута 91:83, Торонто – Оклахома Сити 102:123, Атланта – Мемфис 91:103, Њујорк – Бруклин 110:121, Денвер – ЛА Клиперс 129:114 и Голден Стејт – Орландо 122:92.

Пласман Источна конференција: Кливленд 45-22 (победи-порази), Бостон 43-25, Вашингтон 41-26, Торонто 39-29, Атланта 37-31, Индијана 35-33, Милвоки 33-34, Детроит 33-35,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 54-14, Сан Антонио 52-15, Хјустон 47-21, Јута 43-26, ЛА Клиперс 40-29, Оклахома Сити 39-29, Мемфис 39-30, Денвер 33-35,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on