Победи за Јотовски и Ѓорческа

Од:

Македонските тенисери постигнаа две победи во двата денеска завршени меча од фјучерс турнирите.

Томислав Јотовски по голема борба го совлада Американецот Никита Кривонос со 2-1 (7:6 (7:4); 3:6 и 7:6 (8:6)) на фјучрс турнирот во Стара Загора, Бугарија. Јотовски двата сета ги доби откако беше поуспешен во тај брековите, иако во мечот противникот имаше два брејка повеќе.

Во следното коло Јотовски ќе игра против Бугаринот Фердун Шефкедов.

Со триумф во првото коло на фјучрсот во Ниш стартуваше и тенисерката Лина Ѓорческа, која со 6:2 и 6:1 ја совлада српската тенисерка Маја Младеновиќ.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против уште една домашна тенисерка Дејана Радановиќ.

Од нашите тенисери останува уште настапот на Димитар Грабул, кој попладнево игра на фјучрс во Белгија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ