Кошаркарите на Атланта и на Сан Антонио ја искористија предноста на домашен терен и победија на првите два натпревара од првото коло од плеј офот.
Синоќа Атланта го совлада Бостон во вториот натпревар со 89:72, додека Сан Антонио повторно беше убедлив против Мемфис и славеше победа од 94:68.
Атланта до триумфот дојде благодарение на одличната одбрана во првиот дел кога примија само 28 поени (седум во првиот период). Сан Антонио пак ги доби сите четири четвртини, а најефикасен со 16 поени беше играчот од клупата Пети Милс.
Вечерва се играат три натпревари: Кливленд – Детроит, Мајами – Шарлот и ЛА Клиперс – Портланд.